ОН: Израелската армија отвори оган врз хуманитарен конвој во Појасот Газа

од Vladimir Zorba

Израелски војници отвориле оган врз конвој со хуманитарна помош што се враќал од северот на блокираниот Појас Газа, изјави директорот на Агенцијата на Обединетите нации (ОН) за палестински бегалци (УНРВА), Томас Вајт.

Тој изјавил дека за среќа нема повредени во нападот, пренесе Анадолија.

Во пораката што ја сподели на социјалната мрежа Икс, Вајт посочи дека израелските војници отвориле оган врз конвој со хуманитарна помош кој се враќал од северниот дел на Појасот Газа.

Станува збор за конвој кој бил нападнат додека бил на рута поставена од израелската армија.

Изјавувајќи дека едно возило во конвојот било оштетено во нападот, Вајт напиша: „Хуманитарците никогаш не треба да бидат цел на напади“.

Израелската армија се уште не го коментираше нападот.

Слични содржини