ОН ја прекинаа испораката на храна поради хаосот во северот на Газа

од Nikola Popovski
215 прегледи

Светската програма за храна на Обединетите нации (WFP) денеска објави дека ја прекинува испораката на храна и помош во северниот дел на Газа, откако жителите пукале кон возачите на камиони и насилно се обиделе да ги преземат испораките.

„Конвоите се соочија со тотален хаос и насилство поради колапсот на граѓанскиот поредок“, се вели во соопштението на „WFP“.

„WFP“ се обидела да продолжи со испораката на помош во северниот дел на Газа по тринеделна пауза по нападот на хуманитарниот конвој на израелската армија.

Исто така, се наведува дека едно од шест деца на возраст под 2 години е акутно неухрането и дека луѓето умираат од случаи поврзани со глад и дека ситуацијата е уште полоша во северниот дел на Газа.

„Во текот на изминатите два дена, нашите тимови беа сведоци на невидено ниво на очај“, пренесоа од „WFP“.

Слични содржини