ОН: Милион малолетнички го ризикуваат животот со несигурен абортус

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Изминатите две години на Клиниката за гинекологија и акушерство на осум малолетнички им бил направен абортус. Најмладата од нив имала само 15 години. За да биде направена оваа медицинска интервенција, задолжително е потпишување на согласност и присуство на еден од родителите, пишува Фокус.

Во статистиката на ГАК е запишан и случајот со 13 годишно девојче од внатрешноста на која и бил направен абортус и која е најмладиот пациент. Дополнителен шок за гинеколзоите било што во установата дошла заедно со сопругот.

Абортусот во Македонија е предмет на стигма која и натаму е тесно поврзана со стереотипите дека примарната улога на жените во општеството е улогата на мајка и сопруга. Ова е заклучокот на истражувањето кое невладината ХЕРА и Центарот за репродуктивни права го спровеле во периодот од април до јули минатата година, а кој ги испитува ставовите и искуствата за новите законски одредби за абортусот на неколкумина жени, гинеколози, социолози и претставници на невладиниот сектор.

Од Обединетите Нации алармираат дека, доколку не се запре порастот на малолетнички бремености во светот, бројот на мајки помлади од 15 години од сегашните два милиони годишно, до 2030 година би се искачил на три милиони.