ООН предупредуваат за менталното здравје поради корона-кризата

од Nikola Popovski

Обединетите нации предупредуваат дека пандемијата на новиот коронавирус може да предизвика широк спектар на психолошки заболувања и ги повика државитев о планот за борба против Ковид-19  да го вклучат и менталното здравје и психосоцијалните проблеми , се вели во документот објавен денес.

Како што се наведува, пандемијата сериозно влијае на менталното здравје на медицинските професионалци, отпуштените работници, семејствата во кои училиштето е преместено во домот, па се до старите лица кои страдаат од осаменост и вознемиреност, пренесува Би-Би-Си.

Во документот се наведува дека доброто ментално здравје е клучно за функционирањето на општеството и дека без да се грижи за тоа, светот, покрај пандемијата, ќе се соочи и со психичка здравствена криза.

Слични содржини