За еден час се очекува уште посилен земјотрес – е пораката што стигна со СМС порака од „Заштита на граѓаните“ до граѓаните на Грција кои живеат во близина на епицентарот на земјотресот што ја погоди таа земја порано денес, со препорака граѓаните да излезат на улиците и да не остане дома, дознава „Спутник“ од Срби кои живеат во Лариса.
Грција околу 11 часот беше погодена од силни земјотреси, од кои најсилниот беше 6 степени по Рихтер, проследен со уште три земјотреси од 4,6, 4,2 и 4,9 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на најсилниот земјотрес беше на 24 километри од Лариса, на длабочина од 10 километри, а тој се почувствува во Атина и во други делови на западна Грција, како и во многу балкански земји.
Нема информации за можни повреди и штети.