Опожарено возилото користено при грабежот на филијала на Тутунска банка во Чаир

од Vladimir Zorba
150 прегледи

Возилото со кое утринава беше извршен грабежот во филијалата на Тутунска банка во Чаир е пронајдено опожарено во близина на гробиштата Бутел.

Полицијата се уште трага по сторителите за кои се претпоставува дека биле четири лица.

Кражбата се случи во 10.30 часот откако неколку луѓе влегле во банката на ул.Ферид Бајрам и одзеле пари.

„Од страна на сторителите бил физички нападнат Е. Е. (26), вработен како обезбедување во банката. Повредени лица од оружје нема. Веднаш по добивањето на пријавата, презмени се мерки и активности од полициски службеници“, соопшти  МВР. Како што соопштија од НЛБ банка, заедно со надлежните работат на расчистување на случајот, како и на утврдување на висината од направената штета.

Посочуваат дека клиентите кои се затекнати во експозитурата и вработените се безбедни и во добра состојба.

-Средствата на нашите клиенти се сигурни, бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства, истакнуваат во соопштението