Општина Карпош почна со имунизацијата против Ковид 19 на воспитувачите од градинките

367 прегледи

Денес во пунктот за вакцинација во Спортскиот центар „Борис Трајковски“  почна имунизацијата на воспитниот кадар од градинките во Општина Карпош.

„Станува збор за воспитувачки и негувателки кои во ек на пандемијата вршеа зрижувачка дејност и придонесуваа да нема застој во предучилишното образование на најмладите“, се вели во соопштението од Општина Карпош.

Во Општина Карпош фунцкионираат четири градинки со вкупно 13 објекти. Сите установи работат согласно протоколите за заштита од КОВИД – 19, со што и бројот на деца кои се згрижуваат е намален.

Директорката на градинката „Орце Николов“ Надица Гировска е сигурна дека вакцината е единственото оружје против овој вирус. Иако, управителите на градинките не се во првата фаза за вакцинација, тие ги мотивираат своите вработени, колеги, да се вакцинираат и со тоа да се направи чекор напред.

Оливера Димовска Иљовска, Елизабета Златеска и Ценче Башоска се негувателките кои утринава се вакцинираа со „Sputnik V“. Тие објаснија дека целиот процес е безболен и постои големо расположение меѓу кадарот од Карпош за вакцинација.

 

Слични содржини