Општината му дала задача на Јавното претпријатие “Исар” да ги избрише графитите со содржина  „Збогум Никола“, „Оставка“, „Каков крај“, „Грујо оди си“ , јавуваат локалните медиуми.

zbogum-nikola1-267x200

Новинарите добиле покана од општинскиот портпарол Драган Ристов да дојдат на градскиот плоштад и да земат изјава од него. Ставот на Општина Штип е дека се работи за недолични графити.

Според очевидци минатата вечер имало и физичка пресметка меѓу граѓани во населбата Автокоманда, поради тоа што неколку луѓе почнале да ги испишуваат графитите на ѕидот кај градскиот пазар, во близина на партиски штаб.

 

Слични содржини