Аболицијата мора да ббиде повлечена  целосно, само така нема да има селективна правда. Амбасадорите на ЕУ и Холандија со нова порака до шефот на државата. Велат мора да се поддржи и непречената работа на СЈО.

Orav_Vauter-Plomp_komisija_20-1-2016

Селективната правда и помилувањата не се прифатливи за ЕУ, порачаа денеска евроамбасадорот Аиво Орав и Вутер Пломп амбасадорот на Холандија, земја претседавач со ЕУ, на денешната промоција на истражувањето за националниот систем за интегритет на Македонија.

„Ако една земја сака да остане демократски и модерна, да се развива економски од клучно значење е справување со корупцијата особено во високите нивоа. Сведоци сме на единствена исклучителна политичка конфузија со одлуките кои се носат во последно време. Оваа конфузија за жал продолжува и понатаму. Европската унија јасно изјави дека селективната правда и помилувањата не се прифатливи. ЕУ заедно со другите меѓународни фактори ја нагласува важноста на СЈО и улогата на правосудството“, рече Орав.

Тој упати апел да престане опструирањето на работотата на СЈО

– Ги повикуваме сите страни да престанат со попречување на работата на СЈО. Ги повикуваме да не се опструира работата на специјалните обвинители. Единствено така владеењето на правото ќе биде осигурано и ќе има правда, изјави амбасадорот Орав.

Холандскиот амбасадор Пломп истакна дека Холандија навистина ја поддржува демократизацијата и борбата за владеење на правото, која го поздразбира и принципот на еднаквост на сите пред законот.

„Холандија придава голема важност за владеењето на правото и активно придонесува за подобрување во оваа област во Македонија. Политичката волја е клучен предуслов за тоа. Она што сега е важно е сите засегнати страни да го почитуваат владеењето на правото, а тоа значи поддршка на работата на СЈО и сеопфатно повлекување на помилувањето за сите лица што ги помилува претседателот“, рече амбасадорот Пломп.

Слични содржини