Орбан за Груевски: Ни ги заштити границите, го прогонува Сорос

од Vladimir Zorba

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вели  дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски придонел за заштита на унгарската граница и дека од друга страна го прогонуваат организации поврзани со Џорџ Сорос.

Тој тврди дека Унгарија поради тоа правично ги третира своите соработници, а Груевски е, нагласува тој – негов соработник и на унгарскиот народ.

– Не можеме да исклучиме правни процедури, но можеме да му овозможиме правичен третман, изјави Орбан откако неговата држава го прими Груевски кој треба да служи затворска казна во Макеоднија.

Орбан вели дека е уверен оти организации поврзани со Џорџ Сорос се вклучени во прогон на Груевски.

Во врска со судските постапки тој нагласува дека станува збор за комплицирани спорови.

– Властите ќе одлучат што ќе биде со екстрадицијата, вели Орбан и додава дека „без него ќе беше тешко да се заштитат унгарските граници“.

Слични содржини