Луѓето никогаш не биле поисплашени од храната, а како што велат некои експерти, опсесијата со здрава храна парадоксално, може да претставува закана по вашиот живот.

ДВаесет и деветгодишната французинка Сабрина Дебиске вели дека во 18 месеци, станала вегетаријаенц, а потоа и веган, откако почнала да ги избегнува и јајцата и млечните приизводи па и мед, пред да стане “raw foodist” односно да јаде само несварени плодови, за на крај да премине само на овошје.
Нп, нејзиното моче забележало дека во купатилото наоѓа куп нејзина коса, по што таа сфатила дека се е поради исхраната.
„Мислев дека хранејќи се здраво ќе живеам подолго, но моето тело го победи мозокот“, вели Сабрина.
За некои специјалисти, новото здравствено нарушување поради изхраната е наречено орторексија нервоса.
Некои кои страдаат од орторексија е заробени од правилата кои си ги поставуваат во изхраната. Овој режим кои го спроведуваат на себе ги исклучува од друштва, па така не одат повеќе на собиранки каде се послужува храна.
Еден нутриционист вели дека имал пациент кој ослепел поради недостаток на витамин B12, кој е одговорен за создавање црвени крвни зрнца. Тој не се призведува во телото, а повеќето луѓе го внесуваат преку животинска исхрана, месо, риба, јајца и друго.
Терминот отрорексија нервоса потекнува од 1990 година од тогаш алтернативниот медицински практичар Стивен Братман, кој работел во Сан Франциско.
Да сме начисто, орторексија не е интересирање за здраво јадење – туку кога ентузијазмот станува опсесија и тоа патолошка, што доведува до социјална исклученсот, физиолошко нарушување, дури и физички лошо делува на вас.
Орторексијата не е дел од Дијагностички и статистички прирачник за ментални нарушувања, што постои во САД, па не го препознаваат ну другите земји. Петото издание на оваа „библија“, издадена во 2013 година, ги вклучува анорексија нервоса и булимија нервоса, но не и орторексијата.