Осаменоста е сериозна болест, потешка од зависност и од гојазност

од desk2

Осаменоста е болест потешка и поштетна од зависноста од пушење или гојазност, предупредуваат научниците.

Епидемија на осаменост

Модерната медицина им помага на се поголем број луѓе да живеат подолго и поздраво отколку кога било до сега, но новите истражувања покажуваат дека новата епидемија која се заканува е друштвена изолација – самотија.

Научниците предупредуваат на „епидемија осаменици“, која влијае на развој на бројни здравствени проблеми.

Резултатите од Американското здружение на психолози покажуваат дека кај лицата до повеќе друштвени контакти изгледите за изненадна смрт се пониски за 50 отсто.

Осаменоста му штети на срцето и предизвикува рак

Метаанализата спроведена кај 148 студенти од САД, Европа и Австралија покажува дека друштвената изолација, осаменоста и одлуката лицето да живее само значително влијаат на рана смрт.

Податоците покажуваат дека повеќе стотини различни студии спроведени меѓу милиони испитаници даваат силни докази за значајноста на друштвените контакти за физичкото здравје на човекот.

Осамените почесто пушат, гојазни се и поретко вежбаат. Осаменоста може да се поврзе со зголемена опасност од развој на карцином и кардиоваскуларни проблеми.

Пораст на бројот на хронично осамени

Научниците тврдат дека во 2010 година околу 35 отсто од луѓето постари од 45 години биле хронично осамени, а само деценија порано тој процент изнесувал 20 отсто.

Како причина за тоа ги наведуваат домаќинствата со еден член, поголемата стапка на разводи и поголема фокусираност на друштвените мрежи, отколку на вистинските животни контакти, пренесуваат научните портали.

Не е неопходно да се живеете сами за да се чувствувате осамено.

Лицето не мора да биде физички само за да се чувствува осамено. Осамени се 43 отсто од старите лица, иако само 18 отсто живеат сами.

Според податоците на Германскиот центар за лица од третото доба, лицата кои се чувствуваат исклучено или друштвено изолирани имаат повеќе изгледи да се чувствуваат осамени.

Впечатокот дека не припаѓаат никаде во модерното време се почесто доведува до исразена сиромаштија.

 

Слични содржини