Оштетен автомобилот на пратеничката Александрова на паркингот на Собранието

од Aleksandar Todeski

Додека се чека седницата на која треба да се изгласа Законот за Јавно обвинителство, на паркингот пред Собранието бил оштетен автомобилот на пратеничката од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Емилија Александрова.

Пратеничката за „Локално“ ја потврди информацијата, додавајќи дека е повикана полиција и дека сега ќе се врши увид. Како што ни посочи Александрова, автомобилот бил изгребан од двете страни

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата претходно преку соопштение се изјасни дека ќе гласа позитивно за Законот за Јавно обвинителство.

Александар Тодески

Слични содржини