Осквернавено срцето со македонското знаме во Гостивар

од Nikola Popovski

Непознати лица испишале текст на албански јазик со навреди и го исшарале монументот кој се наоѓа на кејот во Гостивар. На една од буквите на името „Гостивар“ може да се види дека е напишано „Илирида“.

Пред неколку дена, по повод на денот на македонското знаме, 15 мај како и 24 мај празникот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, срцето од натписот со името на градот беше симболично променето во македонското знаме со букви на глаголично и кирилско писмо.

Во полиција настанот не е пријавен, а доколку биде, како што наведоа од СВР Тетово, ќе бидат превземени соодветни мерки.

Се огласија од партијата Левица. Го осудија инцидентот и ја критикуваат, како што велат, реториката од страна на политичките партии од „албанскиот блок“.

Слични содржини