Ослепел откако со години јадел само помфрит, леб и чипс

од desk2
170 прегледи

Дека едноличната исхрана може сериозно да го загрози вашето здравје, докажува и примерот на еден тинејџер од Бристол. Поради недоволниот внес на хранливи материи во организмот, 17-годишниот Џејк трајно го изгубил видот.

Повеќе од една деценија, тинејџерот живеел со само еден оброк дневно кој се состоел од помфрит, колбаси пржени во масло, бел леб и чипс.

Џејк водел многу повлечен живот, не се дружел со своите врсници и најголемиот дел од денот го поминувал во својата соба, играјќи видео игри. Јадел само за да не чувствува глад, затоа не му ни сметало тоа што не се храни разновидно.

Тинејџерот седум години не чувствувал никакви последици, но во последните три години забележал дека неговиот вид слабее, за неодамна лекарите да му ја соопштат трагичната вест. Поради неисхранетоста, поточно поради слабиот внес на нутритиенти кои му се неопходни на секој организам да се развива и нормално да функционира, настрадал неговиот очен нерв.

“Тој во организмот внесувал доволно калории, тоа е јасно, но не и хранливи материи. Кога очниот нерв започнал да страда, тој изгледал како сосема здраво 14-годишно момче”, изјавил лекарот на Џејк и додал дека губењето на видот било предизвикано од недостаток на витамините Б12 и Д, како и бакар.

“Ова би можело да биде многу лесно избегнато доколку исхраната на Џејк била разновидна, доколку внесувал храна која изобилува со витамините Б12 и Д, како и со бакар”, тврди лекарот и додава дека таквиот вид на неисхранетост се среќава само кај децата од неразвиените земји, како Етиопија.

Во намирниците кои содржат витамин Б12 спаѓаат: црн дроб, риба, сирење, млеко, јајца и школки.

Во намирниците кои содржат витамин Д спаѓаат: рибата и полномасните млечни производи, но и соиното млеко и рибиното масло.

Во намирниците кои содржат бакар спаѓаат: риба, жолчка, банани, грозје, суво овошје, ореви, овес, соја, ориз, печурки и чоколада.

Слични содржини