Османи: Не присуствувам на Советот за безбедност, решив да се изолирам до вторник

од Берта Китинска

По објавата на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски дека е позитивен на коронавирусот, се огласи и вицепремиерот Бујар Османи.

„По позитивната потврда за СОVID-19 на Градоначалникот на Куманово, а поради тоа што вчера имавме состанок во општинскиот штаб во Куманово, и покрај тоа што цело време бев со лична заштита маска и ракавици за кои епидемиолозите сметаат дека се доволни за заштита, решив денес да не одам на состанокот на Советот за безбедност кај Претседателот и да се изолирам до вторник кога тестирањето треба да се направи според протоколите. Посакувам на градоначалникот на Куманово брзо закрепнување како и на сите погодени граѓани и што е можно поскоро да излеземе од оваа состојба заедно“, соопшти Османи.

Од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски за МИА информираа дека на седницата не дошле премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче.

 

Слични содржини