Османи: Не се работи за раскол во ДУИ, туку за жива дебата

Во внатрешноста на Демократската унија за интеграција, има жива дебата која завршува секогаш на ниво на партијата, а не се работи за никаков раскол, посочи денес министерот за внатрешни работи, Бујар Османи.

На новинарско прашање дали постојат превирања во партијата по најавите за поднесување интерпелации за него и за првиот вицепремиер Артан Груби, Османи вели дека тука нема ништо невообичаено.

„Во ДУИ нема никаков раскол, ништо невообичаено не се случува. Тие што го следат начинот на функционирање на ДУИ знаат дека во ДУИ има жива дебата, секогаш имало различни ставови, многу активни, многу гласни. И тоа е убавината на функционирањето на ДУИ нешто што претседателот од секогаш го има поттикнато и го има охрабрено внатре да има дебата, да има различни погледи. Но предноста на ДУИ е што секогаш овие дебати завршуваат на ниво на партијата и мислам дека така ќе биде и овојпат“, исткана Османи.

Слични содржини