Османи: Се надевам дека секој Македонец во Албанија се попишал како што се чувствува

од Nikola Popovski

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи порача дека имал јавни настапи и заедно со МНР ги повикувал Македонците во Албанија да се попишат како што тие сакаат. Ова следува откако македонското малцинство истакнало дека имало закани и притисоци од Бугарија да се попишат спротивно на нивните желби.

Османи истакна дека имале комуникација и со албанските власти и нашата Амбасада во Албанија е активна во делот.

-Се надевам дека секој граѓанин го искористил своето право и се попишал како што се чувствува, кажа Османи на брифинг со медиумите.

Поранешниот пратеник во Албанското собрание и претседател на единствената македонска партија во Албанија, Васил Стерјовски, побара продолжување на пописот бидејќи во последните три недели од официјалниот старт жителите во македонските краишта не се попишувале бидејќи голем дел од луѓето кои живеат таму својата егзистенција ја обезбедувале со сезонска работа во соседните земји. Главен механизам на закана биле и бугарските пасоши, кои во случај да се изјаснат како Македонци ќе им бидат одземени или на апликантите воопшто нема да им бидат доделени.

-Високи функционери од Бугарија ги посетуваат регионите каде што живеат Македонците во Република Албанија. Делат помош, нудат државјанства како на пазар, изјави денеска за „Локално“, претседателот на македонското друштво „Илинден“ -Тирана, Никола Ѓурѓај. Како што истанува, мешањето од бугарската држава последните години и сега во време на пописот во Република Албанија е зголемено и поагресивно, односно дека цела бугарска машинерија е впуштена во притисоци кон Македонците да се попишат како Бугари со сите методи.

Слични содржини