Османи: Силните пораки од Германија ќе се чујат во секој дом во Македонија

од Nikola Popovski

Никогаш не сум бил повеќе со самодоверба за кредибилитетот на овој процес, отколку сега слушајќи ги овие реченици на германската министерка за надворешни работи. Овие пораки од една од најмоќните држави во Европа, денеска ќе резонираат во секој дом во С. Македонија, кај секој човек. Кога Германија толку силно верува во овој процес, кога Германија стана еден вид штит на предизвиците… Германија е таа која прва реагира. Ова се силни пораки, рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денешната прес-конференција со неговата германска колешка, Аналена Бербок, поздравувајќи го воведното обраќање на министерката.

Османи нагласи дека С. Македонија е 4-та земја во НАТО по глава на жител, според безбедносната поддршка за Украина.

-Исто така се има придружено на сите 10 пакети на санкции кои што ги воведе ЕУ. Имаме 100% хармонизирана надворешна и безбедносна политика со таа на Унијата. Ги поддржавме сите резолуции и иницијативи по однос на иницирање за формален процес за барање одговорност за тие злосторства во Украина. И како претседавач со ОБСЕ го осудив и побарав да се повика на одговорност на сите сторители на злосторства во Украина, вели министерот, како одговор на новинарско прашање.

Слични содржини