Османи соопшти дали Фрчковски ќе биде амбасадор во Вашингтон

од Nikola Popovski

„Името на Фрчковски дека ќе биде амабасадор во Вашингтон дојде од медиумите. Дека е повлечена кандидатурата повторно дојде од медиумите. Во ниту еден момент, МНР не кажало дека тој е кандидат за амбасадор, или дека е отфрлен или прифатен“, изјави вечерва министерот за надворешни работи, Бујар Османи за емисијата „Клик плус“.

Според него, процесот за именување на кандидатите за амбасадори е во целосна дискреција и тоа се класифицирани податоци.

„Не влегувам во дебата околу вакви шпекулации. Се додека МНР не потврди одредена кандидатура, ништо друго не треба да се земе како официјална вест“, соопшти Османи.

Слични содржини