Основци физички се пресметувале во две училишта во Скопје

од Nikola Popovski

Два случаи на насилство во основни училишта во Скопје, стои во полицискиот билтен.

На 12.12.2023 во 13:30 часот во СВР Скопје Г.П.(44) од Скопје пријавил дека околу 09:30 часот во основно училиште на подрачјето на Карпош неговиот малолетен син бил нападнат од негов соученик.

Истиот ден во 18:50 часот во СВР Скопје Х.М.(51) од Скопје пријавила дека околу 18:00 часот во двор од основно училиште на подрачјето на Шуто Оризари нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку соученици.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Слични содржини