Основен кривичен суд: Одложено е судењето за „Тортура“

од Nikola Popovski

Кривичниот суд во Скопје информира дека главната расправа за предметот „Тортура“ ќе се одложи до март, информираат од Основен Кривичен суд Скопје. Оттаму дополнуваат дека сите наредби и покани ќе бидат отповикани со оглед на тоа што дел од обвинетите и нивните бранители се опфатени во предметот „Таргет-тврдина“ закажан за посочените термини и кој е во фаза на завршни зборови.

Следната расправа за „Тортура“ ќе се одржи на 8 март за што веќе се известени странките во постапката, соопшти Основен кривичен суд Скопје.

Предметот „Тортура“ се однесува на начинот на апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година. Во „Тортура“ заедно со Сашо Мијалков се обвинети и поранешниот прв човек на единицата „Алфи”, Ивица Антевски-Пуки, и уште петмина припадници на единицата.

Слични содржини