Останува верна на глумата: Во чест на кралицата Маркл се враќа на малите екрани

од desk2
152 прегледи

Ова ќе биде прв телевизиски проект за Меган Марк откако се вери со принцот Хари, лани.

Меган Маркл се враќа на малите екрани, но овојпат нема да глуми туку ќе се појави во новиот документарец за кралицата Елизабета II, пишува „Хафингтон пост“.

„Кралица на светот“ (Queen of the world) е нова документарна серија во продукција на британската Тв мрежа ITV, која е заснована на моменталната улога на кралицата како јавна фигура која има влијание на целиот свет.

Како што е познато серијата во голема мерка ќе се фокусира на нејзината работа со здружението Комонвелт, а ќе се занимава со влијанието кое го има на помладите кралеви.

Документарецот, кој се снима веќе една година, има „повластен пристап“ кон кралицата, нејзиното семејство, персоналот и резиденциите.

Гледачите ќе можат да ги видат и моментите „зад сцена“, со принцот Вилијам, Кејт Мидлтон како и со принцот Хаи и Меган.

Освен тоа, војвотката и поранешна ѕвезда на “Suits” ќе даде низа интервјуа во кои ќе разговараат за кралицата Елизабета.

Документарната серија во Велика Британија почнува да се емитува во септември.