„Оставени сами на себе“: Трамп рекол дека никогаш нема да ѝ помогне на Европа доколку биде нападната

од Stefanija Kuzmanovska
281 прегледи

Еден од највисоките европски функционери тврди дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп приватно предупредил дека Америка нема да ѝ помогне на Европската унија доколку биде нападната.

„Морате да разберете дека ако Европа биде нападната, ние никогаш нема да ви помогнеме и поддржиме“, наводно ѝ рекол Трамп на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен на Светскиот економски форум во Давос во 2020 година.

Францускиот еврокомесар Тиери Бретон, кој исто така бил присутен на средбата, рекол дека Трамп додал: „Инаку, НАТО е мртов, а ние ќе заминеме, ќе го напуштиме НАТО“.

Според „Политико“, Бретон рекол дека на истата средба Трамп рекол и дека Германците должат 400 милијарди долари, бидејќи не го платиле тоа што морале да го „платат за одбрана“.

Можноста за враќање на Доналд Трамп на власт сериозно ја вознемирува ЕУ, која исто така ја чекаат избори оваа година.

„Тоа беше голем повик за будење и тој можеби ќе се врати“, рече Бретон, мислејќи на Трамп.

„Значи, сега повеќе од кога било знаеме дека сме оставени сами на себе. Ние сме членка на НАТО, речиси сите, секако дека имаме сојузници, но немаме друга опција освен драстично да го зголемиме овој столб за да бидеме подготвени за што и да се случи“, додаде Бретон, кој повикува на зајакнување на одбраната на ЕУ од почетокот на конфликтот во Украина, а во вторникот презентираше фонд од 100 милијарди евра за зголемување на производството на оружје во блокот, пренесува РТ Балкан.

Слични содржини