На властите во Палма де Мајорка им е преку глава од ексцеси со туристите, па решија да го казнуваат нудизмот, алкохолизирањето, сексот на јавно место и агресивното однесување.

Однесувањето на туристите ги надминало границите, па се молат одговорно да се однесуваат. Во случај на де го почитуваат новиот закон, ќе се соочат со високи казни.
Секој што ќе шета топлес ќе плати казна од 3.000 евра, за секс во јавност уште и повеќе. Казнети ќе бидат и оние кои од тераса скокаат во базен, што значи дека ова е честа појава штом се санкционира.
Измените на законите почнаа откако локалните жители се пожалија дека им е преку глава од однесувањето на странците.