Осуди од Европскиот парламент: Се чини дека Вучиќ излажа

од Vladimir Zorba

Известувачот на Европскиот парламент за Косово и известувач од сенка за Србија пред групата на „Зелените“ – Виола“ фон Крамон Таубадел, ги опиша синоќешните протести како полициски напад врз мирни демонстранти, додавајќи дека српскиот претседател Александар Вучиќ доставил лажни податоци за бројот на заразени.

„Се чини дека Вучиќ лажел за заразените од КОВИД-19 за да има мирна изборна кампања. Но, тој не може да избега од реалноста на зголемениот број случаи и луѓето знаат дека власта му е поважна од здравјето“, напиша Фон Крамон на Твитер, објави
European Western Balkans.

Фон Крамон ги опиша протестите како мирни, а нападите врз демонстрантите како брутални.

Коментирајќи ја оваа објава на денешната прес-конференција, Вучиќ изјави дека пратеничката Фон Крамон е „исклучително анти-српска“ и дека се грижи само за апсолутно признавање на независноста на Косово.

Тој додаде дека таа „ги поддржува Љотичевци“, во обид да ги претстави сите учесници на протестот како десничарски екстремисти.

Слични содржини