Осум голови и продолженија на ЕУРО 2020! Шпанија и Хрватска со натпревар за историјата

од Vladimir Zorba

Шпанија и Хрватска го одиграа најдобриот натпревар од почетокот на ЕП 2020, кој заврши 5:3 за „Ла Фурија“ по продолженијата.

Драмата на стадионот „Паркен“ во Копенхаген беше огромна, но на крајот Иберијците се радуваа и се пласираа во четвртфиналето, каде ривал ќе биде победникот меѓу Франција и Швајцарија, кои се соочуваат вечерва.

Шоуто во Данска започна од самиот почеток и по еден куп добри прилики за Шпанија, во 21-та минута Хрватска поведе со најсмешниот автогол на Педри. Играчот за врска на Барселона врати топка кај голманот Унаи Симон, кој не успеа да ја запре и таа заврши во неговата мрежа. Но, со головите на Пабло Сарабија, Цезар Аспиликуета и Феран Торес, Шпанија направи целосен пресврт.

Сепак, Хрватска не се предаде и го испрати судирот во продолжениија со головите на резервите Мислав Оршиќ во 85-та минута и Марио Пашалиќ во 92-та.

Но, во нив „Ла Фурија“ повторно поведе со два гола разлика, дело на Алваро Мората (100) и Микел Ојарсабал (104) и овој пат Шпанија не дозволи драматичен исход од крајот на регуларното време на судирот.

Слични содржини