Копенхаген, не само што е главен на најсреќната земја на светот Данска, туку е и една дестинација која дефинитивно треба да ја запознаете.

Причини за среќа
Со прекрасни пејзажи и канали, Копенхаген е еден од најзелените градови на светот. А тука се и „Лего“ коцките и богатата историја. Се ова се само некои од причините заради кои Данците се најсреќни луѓе на светот.
Велосипедистите може да бидат претерано агресивни
Речиси повеќе од половина од популацијата во градот оди со велосипед на работа и тогаш се натпреваруваат со автомобилите, не само по бројот туку и по брзината па пешаците треба да бидат внимателни на улица.
Град со многу ѕвезди на Мишелин
Данците се многу неформални, но вистинско чудо е ако успеете себеси да си обезбедите место во еден од најпрочуените ресторани на светот „Нома“. За среќа, само две од 13 Мишелинови ѕвезди во Копенхаген се наоѓаат на влезот од овој ресторан.
Сите бараат „hygge“
Овој збор тешко ќе го дефинирате, но добар почеток е и да седнете во некој паб во Копенхаген, но на крај грубо преведено „hygge“ значи удобност и мир.
Позелен од повеќето
Не само што е најсреќна земја на светот, Данска воедно е и една од најзелените. Копенхаген се наоѓа на чело на оваа зелена револуција со своите електрични автобуси и граѓани кои просто се луди по рециклирање. Копенхаген планира до 2025 година планира да биде ослободен од сите емисии на јаглерод.
Тиволи дефинитивно ќе ве развесели
Со своите луди железници, пантомимичари и други забавни содржини, Тиволи е втор најстар забавен парк на светот кој дефинитивно ќе го израдува секој кој ќе го посети.
Ова е земја на „Лего“ коцките
Данците се генијални во измислување работи и на драга воља ќе ги споделат своите изуми со остатокот од светот, а „Лего“ сосема сигурно е најпознатиот изум на светот и значаен дел од секое детство.
Нема евра
Последните случувања ни зборуваат дека Дансците не згрешија многу со одлуката да ја задржат сопствената валута – данската круна и да го одбијат еврото.