Владиката г. Пимен испрати порака преку својата фејсбук страница во пресрет на големиот христијански празник Велигден.

– Велигден е празник на љубовта и жртвувањето за ближниот, а не на стравот од братоубивствени закани, порача Отец Пимен.
Еве го целиот негов фејсбук статус.
-Денес кога си спомнуваме за влегувањето на Христа во Ерисалим, односно Неговото излегување на доброволни страдања, да имаме на ум дека од иста уста за само неколку дена може да се чуе и “благословен е Оној што иде во името господово” и “распни го, распни го”.
Немојте најголемиот христијански празник на Воскресението и животот да ни падне во сенка на стравот од неизвесноста и смртта.
Велигден е празник на љубовта и жртвувањето за ближниот, а не на стравот од братоубивствени закани, напиша Отец Пимен на Фејсбук.

Фејсбук стстус на отец Пимен