
Денис Едвардс, водечкиот пејач на легендарната група “Темптејшнс” ( “The Temptations”), почина на 74-годишна возраст. Тој починал во Чикаго само еден ден пред да наполни 75 години, објави The Sun.
Веста беше потврдена од неговото семејство. Toje e rоден во Алабама, a Едвардс почнал да пее само na две години во црквата на својот татко.
Откако семејството се преселило во Детроит, почнал да учи музика. На групата се придружил во 1968 и пеел заедно со нив се до расформирањето на групата во 1989 година.
Со својата кореографија, различните хармонии и своевидниот сценски настап групата “Темптејшнс” покажа огромно влијание за еволуцијата на R & B и соул музика во САД, чиј придонес е овенчан со многу награди во повеќе од 55-годишното нивно постоење.
Тие имаат десетици милиони продадени албуми и се една од најуспешните групи во историјата на музиката.