Откако нелегално се појави на интернет, Дуа Липа порано ќе го објави албумот

од Elena Daskalova

Песни и демо снимки од албумот „Future Nostalgia“ на Дуа Липа неодамна се појавија на интернет.

Поради тоа, пејачката одлучи дека ќе го издаде албумот поранот од предвидениот датум, за да се спречи ширењето и споделувањето на нелегалните снимки.

Наместо на предвидениот датум 3 април, албумот ќе се појави на 27 март, односно овој петок. Таа преку Инстаграм порача дека се надева дека нејзината музика ќе им помогне да се развеселат на сите оние изолирани во своите домови.

Таа ги одложила сите закажани настапи и турнејата поради пандемијата на коронавирусот.

Слични содржини