Во Сирија е откриен камп на Исламска држава за обука на џихадисти за напади по Европа, пишува хрватски Večernji list.

Се наведува дека за две и пол години откако работи кампот, на подрачјето на Европа префрлени се 50 терористи, повеќето преку балканската рута.
„Џихадист заробен неодамна во ирачкиот град Мосул на истражителите им откри податоци за кампот за обука на терористи кои имале задача да изведуваат терористички напади ширум западна Европа. Како што тврдат ирачките истражувачи, се работи за високо позициониран терорист кој бил женет за сестрата на еден од најблиските соработници на калифот Абу Бакр ал Багдади“, наведува Večernji lis.
Уапсениот џихадист кој на истражителите им дал податоци за кампот за обука на елитна единица на самоубијци кои подготвувале напади во Европа се наоѓа во Сирија.
Таа единица била во координација со симпатизери на терористиќката организација Исламска држава а регрутирани се преку интернет и на друштвените мрежи ширум Европа.
Сите терористи по завршената обука преку Турција се праќаат по балканската рута, со лажни сириски пасоши, во европските земји каде сигнуваат како мигранти.
Џихадистот открива дека последните терористи преку балканската рута се префрлени во Европа во февгуари годинава, а дека кампот се уште е ективен.
За две и пол години работа на кампот, само на подрачјето на Европа префрлени се повеќе од 50 терористи, спијачи-самоубијци кои чекаат наредба за акција, тврди весникот, наведувајќи дека џихадистот открил дека нападите во Париз и во Брисел, во 2015 и 2016 година, го извеле терористи кои ја завршиле обуката токму во тој камп.