Откриена нова опасна карактеристика на короната: Посебно се загрозени овие лица

од Aleksandar Petrovski

Истражувањата покажаа дека пациентите кои имаат висок крвен притисок развиваат посериозни форми на КОВИД-19, пренесува агенцијата ТАС.

Водечкиот руски кардиолог Сергеј Бојцов наведува дека околу 40 проценти од возрасната популација страда од хипертензија и дека со возраста се зголемува можноста за висок крвен притисок.

Колку е постаро едно лице, толку посериозна форма на КОВИД-19 ќе биде, особено ако страда од хипертензија, посочува рускиот кардиолог и забележува дека хипертензијата е фактор што, без оглед на возраста, го комплицира текот на болеста.

Во Русија, потврдени се 1.109.595 случаи на инфекција со коронавирус од почетокот на пандемијата, од кои 911.973 пациенти и 19 489 починале.

loading...

Слични содржини