Откриена тајната зошто Болт е најбрзиот човек на светот

од desk2
115 прегледи

Специјализираната спортска телевизија направи научна анализа на трката во која Jуесин Болт го собори рекордот на 100 метри.


Јамајканецот во 2009 година на Светското првенство ја истрча оваа дистанца за неверојатни 9,58 секунди.
Осум години подоцна на СП во Лондон Болт ќе настапува за последен пат во својата кариера, во која освои осум златни олимписки медали (една одземена поради член на јамајканската штафета 4x100m кој бил под допинг).

Еуроспорт во својата анализа од научна страна покажа што му овозможило на Бол да го собори рекордот, паралелно покажувајќи што го оневозможи Тајсон Геј да го следи.

Болт инаку, на истото натпреварување во Берлин го собори светскиот рекорд во сприното на 200 метри со 19.19 секунди.

Светското првенство во Лондон почнува во петок, а Болт освен на 100 метри ќе настапи само уште во штафетата 4x100m.

https://www.youtube.com/watch?v=CC86g2VnmAY