Откриени нови симптоми на долгиот ковид

од Stefanija Kuzmanovska
442 прегледи

Една година откако се појави пандемијата на коронавирус, се повеќе се знае за ковид-19, но големата енигма т.н. долг ковид останува.

Покрај тоа што има здравствени последици кои сè уште не се целосно дефинирани, долгиот ковид влијае и на менталното здравје на пациентите, ги загрижува пациентите.

Што е воопшто долг ковид?
Долг ковид е име за збир на симптоми со кои луѓето се соочуваат и долго откако ќе се опорават од болеста, односно добиле негативен тест на коронавирус.

Во просек, долгиот ковид трае подолго од 12 недели, но некои го користат и името за симптоми кои траат подолго од осум недели. Станува збор за трајно оштетување на белите дробови, срцето, бубрезите или мозокот, или едноставно за искуство на поблаги симптоми и покрај фактот дека болеста повеќе не може да се детектира.

Најчестите симптоми на долг ковид
Луѓето кои искусиле долг ковид, имаат различни симптоми, а ова се најчестите:

– отежнато дишење

– болки во зглобовите

– болка во градите

– губење на вкус/мирис

– замор

– слаба концентрација

Нови симптоми на долг ковид
Нова студија објавена во списанието „Природа“ откри и други симптоми:

– мали мозочни удари

– компликации со згрутчувања во белите дробови

– тахикардии

Една од авторите на студијата, Елејн Ј.Ван, вели дека пациентите ги пријавиле овие симптоми неколку месеци откако биле позитивни на коронавирусот, а имале и тахикардии и тежок замор.

Посочува дека овие симптоми не се секогаш со ист интензитет и немаат никаква врска со сериозноста на клиничката слика. Пациентите се жалеле и на тешкотии во донесувањето одлуки и помнењето.

Иако не се знае многу за долгиот ковид, експертите сметаат дека овие симптоми треба детално да се испитаат и дури препорачуваат специјални одделенија за да се грижат за ваквите пациенти, пренесува Eat This.

Слични содржини