ОТКРИЕНО КАДЕ НАВАЛНИ ЌЕ ЛЕЖИ РОБИЈА: Ќе биде во затвор далеку од Москва!

од Nikola Popovski

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е префрлен во областа Владимирск, каде ќе ја издржува казната во затворот во градот Покров, изјави за ТАС С добро информиран извор.

„Според достапните информации, Навални беше пренесен во регионот Владимирск во петокот. Тој ќе ја отслужи казната во поправната установа бр. 2 во градот Покров“, изјавил изворот.

Како што додаде, Навални најпрво ќе биде ставен во карантин.

Шефот на Руската федерална казнена служба Александар Калашников вчера потврди дека Навални бил пренесен во затворска колонија надвор од Москва, каде треба да ја издржи казната затвор од две и пол години.

Судот во Москва ја замени условната казна на Навални за случајот Ив Рошер со вистинска затворска казна за повеќе прекршувања на кривичните услови, а Московскиот градски суд ја потврди пресудата на 20 февруари и таа оттогаш стапи на сила.

Слични содржини