Откриено како принцезата Дајана живеела зад затворени врати!

од Stefanija Kuzmanovska

Принцезата Дајана беше најпознатата жена во светот. Работничка на Црвениот крст на Велика Британија се присети на средбата со неа и на она што ѝ го кажала.

Лејди Ди беше една од најфотографираните жени во светот, а медиумите го следеа секој нејзин чекор, но кога се гаселе камерите, таа водела скромен живот. Ова е потврдено со приказната за Едит Кон (72), работничка на Црвениот крст, која ја запознала принцезата во 1991 година на хуманитарен настан.

Кон се присети како Дајана се отворила за животот во палатата таа вечер, велејќи дека претпочита да ги поминува вечерите пред телевизорот гледајќи серии, а за вечера претежно јадела грашок и тост.

„Таа беше многу опуштена и беше прекрасно да се разговара со неа токму поради тоа. Беше многу пристапна и ми кажа колку ја цени работата на Црвениот крст“, навела Кон.

Принцезата Дајана почина на 31 август 1997 година во сообраќајна несреќа во Париз и остави неизбришлива трага, а многумина и денес тагуваат за неа. Членот на кралското семејство, на кого му се поклонуваа низ целиот свет, доби статуа во Санкен Гарден во палатата Кенсингтон по повод нејзиниот 60-ти роденден, што би го прославила на 1 јули доколку беше жива.

Слични содржини