Откриено која држава е фаворит за да победи на Евровизија годинава

од Stefanija Kuzmanovska

Во текот на февруари повеќето европски земји ќе избираат свои претставници за Евровизија. Досега само Холандија, Израел, Белгија, Албанија и Украина избраа песни да ги претставуваат, а Словенија и Кипар го имаат само името на уметникот.

На четири месеци пред почетокот на Евровизија, обложувалниците се отворени, а Украина убедливо води.

Кладилниците на украинскиот состав „Тврочи“ и песната „Heart of Steel“ ѝ даваат дури 16 отсто шанса за победа, иако повеќето од песните се уште не се познати.

Шведска, која исто така не избра песна, има импресивни 10 отсто шанси за победа.

Украина избра претставник уште во декември во подземната станица во Киев, која беше претворена во воено засолниште.

Евровизија ќе се одржи во Ливерпул во мај.

Слични содржини