Открија поврзаност помеѓу тавите и сексуалното здравје на мажите

од desk3
104 прегледи

Мажите можат и да не се сомневаат, но во кујната имаат изненадувачки непријател на сексуалното здравје – тавите со нелеплива облога, пишува “Дејли стар”, повикувајќи се на резултатите од данско истражување.

Image_5738882_126
Предметните садови често содржи перфлуорооктанова киселина која може да наштети на квалитетот и квантитетот на семената течност. Истражување на примероци од крв и сперма, направени во Данска и која опфатила 105 мажи, покажува дека кај оние од нив кои биле изложени на дејството на зголемени количини перфлуорооктанова киселина, имале аномалии во спермата. Специјалистите предупредуваат дека изложувањето на дејството на опасни хемикалии се поврзува и со посериозни проблеми како неплодност и тумори на тестистите. Препораката на експертите е тавите со нелеплива облога да бидат заменети со садови од нерѓосувачки челик или железо.