Отворање на 11. Скопје постер фестивал

од Марта Пешевска
100 прегледи

Во Мултимедијалниот центар Мала станица вечер од 19 часот ќе биде отворен 11. Скопје постер фестивал, кој годинава ќе се одржува под мотото „Моќта на плакатот” и ќе може да се посети до 6 декември.

На изложбата ќе бидат претставени повеќе од 200 плакати на тема „Моќта на плакатот”, дела од специјалниот гостин Славимир Стојановиќ, плакати од победниците на претходните десет фестивали, плакати од постер-акцијата против загадувањето насловена „Смогје“ и плакати на млади дизајнери од Унгарија.

Специјалниот гостин Славимир Стојановиќ Футро пред македонската публика утревечер во 19 часот во книжарницата  „Литература.мк” ќе го претстави и својот роман со илустрирани раскази насловен „Девет”.