Отворање на изложбата „Будимпештански приказни“ во Уметничката галерија во Тетово

од Марта Пешевска
106 прегледи

Унгарската Амбасада во Скопје во соработка со Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, вечер во Уметничката галерија во Тетово, ќе ја отвори изложбата „Будимпештански приказни“.

Изложбата од познатите унгарски фотографи Имре Кински и Ото Кајзер се реализира во рамките на манифестацијата „Унгарски недели во Северна Македонија“

На изложбата ќе се обратат директорот на Уметничката галерија Решат Пајазити, авторот на изложбата Ото Кајзер, амбасадорот на Унгарија во нашата држава, Ласло Дукс и градоначалничката на општина Тетотво, Теута Арифи.