Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Ова е единствениот бар на плажа во Хрватска кој служи специјално пиво за кучиња

Ова е единствениот бар на плажа во Хрватска кој служи специјално пиво за кучиња

Специјално пиво за кучиња од пилешко и зеленчук и сладолед од банани, кикиритки, јогурт и млеко од соја се најпознатите специјалитети на менито на единствениот бар на плажа во Хрватска за кучиња, Monty’s Dog Beach Bar. Среќните миленици и нивните горди сопственици може да изнајмат лежалка и да уживаат во убавините на Јадранското море, пренесува Reuters.

За да внесат малку повеќе забава во мрзеливите денови поминат на плажа барот Monty’s Dog Beach Bar пред неколку дена организираше натпревар за сопствениците на кучиња и кучиња како тимови. Петнаесет сопственици и нивните кучиња трчаа од присаништето, скокаа во вода и пливаа околу 100 метри до брегот.

Најбрз четириножен учесник во натпреварот беше мешанец самојед Нимбус, кој трката заедно со својот сопственик ја заврши за неколку минути и доби 7 кг вреќа со храна и викенд во локален хотел. „Не се подготвувавме. Малку пливавме летово. Тој е роден пливач. Кога ќе скокнам во вода, тој доаѓа со мене и ме следи, па затоа и победивме“ изјави неговиот сопственик, Марин.

Крзнените миленици кои повеќе сакаат да уживаат во храната наместо да трчаат се натпреваруваа во јадење посебно направен сладолед, торта и пиење пиво за кучиња. Мonty’s Dog Beach bar во Цриквеница е отворен од 2017 година и е единствениот таков бар во Хрватска.

loading...