Ова е ГРОБОТ НА ПРИГОЖИН: Натписот на крстот привлекува внимание

од Stefanija Kuzmanovska
817 прегледи

Полицајци, членови на групата „Вагнер“, новинари, намерни и случајни минувачи стојат пред гробот каде вчера беше погребан лидерот на вагнеровците, Евгениј Пригожин, далеку од очите на јавноста.

Неговата прес-служба вчера соопшти дека „Евгениј Викторович е погребан во кругот на најблиските“, а секој кој сака да се прости од него може да ги посети гробиштата Порохово во Санкт Петербург.

И навистина, во близина на споменикот на таткото на Пригожин, Виктор Евгенјевиќ, се наоѓа гроб покриен со цвеќиња, над кој стои крст со плоча Евгениј Викторович Пригожин 1961-2023 година, и натпис „Со светите упокој ја, Христе, душата на твојот слуга“.

Бидејќи погребот беше извршен далеку од очите на јавноста, сега кружат неосновани теории на заговор дека Пригожин воопшто не бил погребан таму. Како што соопшти претходно самиот Кремљ, погребот на шефот на „Вагнер“ бил организиран во согласност со желбите на членовите на неговото семејство. Дмитриј Песков не кажа кога и каде ќе биде погребан Пригожин. Тој само изјави дека не е планирано на погребот да присуствува и рускиот претседател Владимир Путин.

Да потсетиме, Пригожин загина на 23 август кога приватен авион се урна во Тверската област. Освен шефот на „Вагнер“, во леталото имало уште девет патници и членови на екипажот. Според Истражниот комитет на Руската Федерација, телата на сите патници се идентификувани и резултатите се совпаѓаат со списокот на патници.

Со Пригожин во авионот бил неговиот најблизок соработник Дмитриј Уткин, како и неговиот најдоверлив човек Валериј Чекалов, единствениот кој во секое време знаел каде е шефот на „Вагнер“.

Слични содржини