Лекси Алфорд има 21 година, а веќе има посетено 196 земји од целиот свет. Таа тврди дека станала најмладата личност која го прошетала целиот свет. За се да биде официјално, нејзините документи треба да ги одобри Гинисовата книга на рекорди.
За постигнувањето на овој импресивен подвиг и помогнале три лекции: „Никогаш не прифаќај НЕ за одговор“, „Имај храброст да ги следиш своите соништа“ и „Каде што има волја има и начин“.
„Имаше толку многу пречки кои требаше да ги совладам на патувањата во секоја земја, а најмногу научив од моментите на вистинска борба“ вели Лекси.
Нејзините авантури на Instagram изгледаат возбудливо и гламурозно, но се проследени со низа препреки. „Ме одбиваа за виза, снемував пари, имав здравствени проблеми како што е маларијата и труење со храна, бев исцрпена и сакав да се вратам дома по само три месеци патување“, додава таа.
Лекси тврди дека сите свои патувања ги финансирала самата, а верува дека за секој проблем постои решение ако се трудиш доволно. „Мора да направиш многу жртви ако сакаш да патуваш по светот, но ако навистина го посакувате тоа, потебна е само храброст за да го направите“ вели Лекси.
Сепак, таа открива дека мајка и има патничка агенција, што и го олеснило пронаоѓањето добри понуди.