ОВА е најшармантниот знак во хороскопот

од Берта Китинска

За подетално да ги откриеме сите карактеристики на астролошките знаци, ќе се обидеме секој од нив да го запознаеме на еден малку поразличен начин. Какви пријателки сме, како купуваме и какви парфеми сакаме, ќе ви откриваме секој месец, а започнуваме со секогаш елегантната и софистицирана Вага.

Општи карактеристики на жената Вага

Жената Вага сака праведност, правда и рамнотежа и ја краси совршена способност за пресудување, беспрекорност и целосност. Вагите се друштвени и имаат дар за комуникација, односно сакаат да бидат опкружени со пријателите и семејството. Харизматична и волшебна, таа со неверојатна природна леснотија ги привлекува луѓето околу себе. Претставува јин и јанг, односно има фасцинантна личност која е мешавина од рационалност и логичност и непостојани емоции.

Пријателство

Жените Ваги честопати се неодлучни. Нивните пријатели може да ги фрустрира таквиот карактер, на пример кога не можат да изберат кој филм сакаат да го гледаат. Но, нејзиното колебање всушност е корисно за двете страни, бидејќи како што Вагата ги зема предвид своите вкусови, потреби и желби, така ќе внимава и на вкусовите, потребите и желбите на своите пријатели.

Таа способност ја имаат благодарение на своето позитивно чувство за праведност и заради тоа Вагите се одлични пријатели. Бидејќи жената Вага е срдечна и љубезна, таа обожава да запознава луѓе со кои има заеднички интереси. Нераскинливо пријателство ќе доживее со Лавот и Стрелецот.

Изглед

Жената Вага ќе ја препознаете по елеганцијата со која зрачи секое нејзино движење. Таа е совршено природна, драга, грациозна и секогаш само своја. Нејзините надворешни карактеристики се правилните црти на лицето, јамите на образите, широката и блескава насмевка, убавите заби, тенкиот струк и нагласените колкови. Вагата е перфекционист и секогаш средена, со уредна фризура и модна комбинација која секогаш е урамнотежена и суптилна.

На Вагата скоро никогаш нема да ѝ се случи да нема што да облече или да облече нешто сосема погрешно, бидејќи за изборот на вистинската модна комбинација ќе одвои време. Вродено ѝ е да знае како да се облече за секоја прилика и како да се претстави во најдоброто светло, без разлика каде и да е.

Стил

Вагата ја обожава модата, но нема слепо да ја следи, туку последниот моден стил ќе го прилагоди на себе за облеката да ѝ прилега најдобро. Па дури и кога ќе се облече како и сите останати, оваа креативна душа ќе има на себе нешто поради што ќе се одвојува од масата, како необичен прстен или уникатни нараквици. Најмногу избира кога станува збор за добри, квалитетни фармерки и ќе се посвети на потрагата за пар кој совршено ќе ѝ прилега. Не сака да претерува со модните детали, а добрите чанта или обувки најмногу ќе ја усреќат.

Жените Ваги ја сакаат долгата коса, пострижена слоевито и прошарана со светли прамени. Шминката е лесна, природна и блескава, а во својот несесер задолжителен е сјајот за усни со овошен вкус. Вагата нема да излезе од домот доколку на себе нема барем капка парфем, бидејќи едноставно е луда по мирисите и сака да мириса убаво.

Стил на купување

Вагите купуваат внимателно, но сакаат убави работи, па со задоволство ќе купат поскапа и поквалитетна чанта отколку евтина и со помал квалитет. Кога одат во шопинг задолжително ќе направат пауза во кафулето за да размислат дали да купат одредена работа или не. Во својот омилен бутик, Вагата ќе се зближи со продавачот и секогаш ќе го праша за совет.

Стилска икона

Планетата Венера која владее со Вагата го дарувал овој хороскопски знак со исклучително чувство за естетика и безгрешно око за убавина. Затоа воопшто не е чудно што на листата на дваесет најдобро облечени жени на сите времиња која ја составил магазинот Ел се наоѓаат три славни Ваги, актерките Гвинет Палтроу, Марион Котилард и Брижит Бардо.

Модниот свет го освоиле со својот елегантен и женствен стил кој никогаш не излегува од мода. И пејачката Гвен Стефани е една стилска икона со овој знак, а она што посебно одушевува кај неа е секогаш беспрекорната шминка и порцеланскиот тен. Иако е пеачка на рок бенд, Гвен нема ниту трага од немарна рокерка. Нејзините рокерски модни комбинации поимно се сложуваат што е во согласност со нејзиниот знак, а и во најжестоките изданија и понатаму зрачи со нежност.

Останатите стилски икони родени во овој прекрасен знак се и Моника Белучи, Кејт Винслет и Кетрин Зета Џонс.

Идеален парфем

За Вагите идеални се женствените и елегантни мириси со нагласени женствени ноти. Жената Вага секогаш остава препознатлива, но не и наметлива мирисна трага. Идеални се: Givenchy Dahlia Divin, Chloe Signature, Si Giorgio Armani.

Слични содржини