Ова е оружјето кое Вагнер ѝ го врати на Русија: Илјадници тони муниција и тенкови (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Групата „Вагнер“ ѝ предала на руската армија илјадници тони оружје и муниција, соопшти министерството за одбрана, во време кога Москва се бори да ги врати под контрола „одметнатите“ платеници.

Министерството соопшти дека добило повеќе од 2.000 парчиња опрема, вклучувајќи стотици тенкови и повеќе од 2,5 тони муниција, пишува „Гардијан“.

Наводно, на руската армија ѝ биле предадени тенковите Т-90 и Т-80, повеќе ракетни фрлачи и артилериски системи. Биле предадени и околу 20.000 парчиња оружје.

Предавањето сугерира дека шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, спроведува барем некои делови од договорот кој го постигна со Кремљ минатиот месец, по што неговите сили ставија крај на својот краткотраен бунт.

Според договорот, со посредство на белорускиот претседател Александар Лукашенко, Пригожин се откажа од, како што го нарече „маршот за правда“ кон Москва. Тој повлече илјадници свои регрути во замена за безбедно преминување во Белорусија. Како дел од договорот, против неговата група е отфрлена кривичната пријава против Пригожин.

По прекинатиот бунт, Владимир Путин рече дека „Вагнер“ ќе биде распуштен во Русија и дека неговите борци можат да потпишат договори со министерството за одбрана, да одат во Белорусија или да си одат дома.

Министерството објави фотографии и видео снимки на кои се гледаат воени службеници кои проверуваат дел од тешката воена опрема која наводно му припаѓа на „Вагнер“.

Слични содржини