Ова е песната која беше евровизиски фаворит уште пред да биде објавена (ВИДЕО)

од Elena Daskalova

Секоја година обложувалниците и обожавателите на Евровизија типуваат на фаворити и на победници. За оваа година, од досега објавените нумери, може да се каже дека конкуренцијата е навистина голема.

На пример, Белгија ги испраќаат докажаните Hooverphonic, Србија ќе ја претставуваат Hurricane, а Македонија оваа година ќе се претстави со Васил Гарванлиев, чија песна ќе биде објавена на 8 март.

Но, еден претставник, уште од почетокот на оваа година важи за фаворит. На нив се типува уште пред песната да биде реализирана конечно, пред помалку од еден месец. Се работи за претставниците на Литванија, The Roop, кои на 1 март годинава ја објавија песната „On Fire“ на евровизискиот канал.

Нумерата најпрво звучи чудно и хаотично, но е прилично уникатна и досега невидена на евровизиската сцена, а постојано добива коментари со пофалби.

Слушнете ја и вие:

Слични содржини