Девојка (20) од Москва е хоспитализирана со сериозни промени во белите дробови кои се појавиле како резултат на употреба на електронски цигари.
Во претходните месеци, лекарите споделуваа снимки на белите дробови погодени од коронавирусот. Промените кои сме имале можност да ги видиме се навистина драматични, но не е само САРС-КоВ-2 виновен за дамките и сенките на белите дробови.
Многумина кои сакаат да се откажат од класичните цигари се одлучуваат за електронски, убедени дека тоа ќе им нанесе помалку штета на нивното здравје. Сепак, здравствените експерти веќе долго време предупредуваат дека електронските цигари се штетни како и сите други тутунски производи.
Употребата на електронски цигари го зголемува ризикот од ковид 19
Покрај тоа, употребата на електронски цигари влијае на белите дробови на младите, па затоа е поголема веројатноста да добијат ковид-19 отколку непушачите на иста возраст, докажаа научниците од Универзитетот Стенфорд.
Во август 2020 година, тим медицински лица се собраа околу професорката по педијатрија Бони Халперн-Фелшер од Медицинскиот факултет на Универзитетот Стенфорд, ги објавија резултатите од студијата на оваа тема во списанието Journal of Adolescent Health.
Студијата покажа дека кај оние кои биле позитивни на вирусот САРС-КоВ-2, корисници на електронски цигари имало пет пати повеќе од просечните граѓани. Ова не мора да значи дека ризикот од инфекција кај корисниците на електронска цигара е поголем отколку кај другите.
Но, некој што е заразен со вирус и пуши електронски цигари во исто време, има пет пати поголема веројатност да развие симптоми како кашлица, треска, замор или проблеми со дишењето. Бидејќи, оние кои не развиваат симптоми честопати дури и не одат на тестирање.
– Адолесцентите и младите возрасни мора да знаат дека некој кој консумира електронски цигари директно го зголемува ризикот од ковид-19. Бидејќи, тоа ги оштетува белите дробови – рече водачот на студијата, Шивани Матур Гаја.
– Многумина веруваат дека нивната возраст ги штити од симптомите на ковид-19. Но, податоците покажуваат дека ова не важи за луѓето кои консумираат електронски цигари. Ризикот од болест навистина се зголемува.