Ова се најпожелните мажи што ги бираат жените

од desk2
103 прегледи

Жените не и придаваат голема важност на атрактивноста, затоа што поважно им е нивниот партнер да биде мажествен и добар.

Дека убавината не е најважна карактеристика во машко-женските односи зборуваат резултатите на онлајн анкетата на порталот YouGov.

Според добиените податоци се покажало дека дури 26 отсто од жените побрзо би биле со мажи со просечен изглед, отколку со атрактивен.

Исто така, на скала од 1 до 10, тие би избрале личност чиј изглед може да се оцени со петка. Помал број жени се нешто попребирливи, па рекле дека би избрале маж кој би имал оцена 7, а седум отсто од жените како главен критериум го наведуваат добриот изглед со оцена 10.

За разлика од жените кои ја занемаруваат убавината и привлечноста, посилниот пол се покажа како визуелен тип.

Така, 22 отсто од мажите истакнале дека изгледот на партнерката им е многу важен. На скала на атрактивност од 1 до 10, идеална жена треба да има најниска оцена од 8. Највисоката 10, по прашање на изгледот, би ја избрале дури 15 отсто од мажите.

Интересно е мислењето на Луси Бересфорд, стручњак за секс и љубовни односи, која објасни зошто на жените атрактивноста не им е важен критериум.

„Жените може да бидат несигурни во врска со партнер кој е атрактивен затоа што е мета на погледи на други жени“, вели таа.

Од друга страна, поединечни мажи многу атрактивната партнерка ја доживуваат како некој вид трофеј кој може да го покажат, а крајната цел е да остават впечаток на вистински маж, пишува „Сан“.