Многу жени кои скоро родиле поминуваат низ различни состојби, некои паѓаат во пост-породилна депресија. Други сметаат дека откако ќе добијат рожба не треба да ги градат својата кариера и развој.
Во интервју за германскиот весник “Тагешпигел”, Марина Абрамовиќ, познатата перформанс артистка, вели дека ако имала деца тоа би и ја уништило кариерата.
“Направив три абортуси, бидејќи бев сигурна дека тоа би било катастрофа за мојата работа. Човек има ограничена енергија во телото и би требало да ја споделува. Според мое мислење има причина жените да не се толку успешни како мажите во светот на уметноста. Постојат многу талентирани дами “, вели Абрамович.
На сосема радикално мислење е друга жена, исто забавувач.
Се вика Хејн Кох, живее и работи во Њујорк и објави своја слика на “Фејсбук”, на која покажува како работи на своите страници на социјалните мрежи, а во тоа време таа ги дои своите две мали бебиња.
“Кога близнаците беа на 5 недели, требаше да бидат заспивани и хранети, јас продолжив да ја вршам својата работа. Марина тврди дека децата ги повлекуваат назад жените од уметноста. Глупости. Таа знае само за сопствените искуства , најверојатно нејзиното мислење е вистина за неа, но не и за секој друг “, пишува Кох.
Хејн Кох смета дека мајчинството ја направило подобар уметник. “Научив да го разпределувам времето многу поефикасно. Ги одредувам приоритети, што е важно, а што – не. Сакам да кажам дека да се биде родител е мојот најголем предизвик. Ако го прифатиш тоа ќе станеш подобра личност “, категорична е Хејн.
Сликата, која собра над 6 000 илјади допаѓања, предизвика бројни коментари – претежно поддржувачки за позицијата на Хејн Кох.
“Тоа е толку убаво, Хејн Кох и браво што ја споделуваш оваа прекрасна, срце кршачка слика”, пишува Кетрин Хагерти.
“Ти си инспирација. Уникатно”, вели друга мајката.
“Многу добро напишано. Има моменти кога си го поставувам ова прашање за кариерата и родителството и балансирањето. Ти благодарам што ги изрази твојата сила и мотивација”, коментира Сужата Тавани.